еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Горко кафе за крај на двомесечниот полициски час: Системот издржа, а граѓаните?

Какво кафе ќе се напијат во угостителските објекти македонските граѓани по завршувањето на двомесечниот полициски час е прашање на кое е извесен одговорот „горко“, главно поради горчината што останува од двојните аршини при спроведување на мерките за заштита од корона вирусот односно санкционирање на прекршителите.

Во ек на епидемија македонските граѓани кои беа приморани да седат дома беа сведоци на религиски собири од МПЦ и ИВЗ, кои беа одржувани спротивно на правилата за заштита од ширење на епидемијата. Никој не беше казнет за тоа. Истовремено, илјадници други граѓани беа казнети за непочитување на полицискиот час.

Кај граѓаните има горичина и поради впечатокот дека рестриктивните мерки се намалуваат во услови кога бројките се исти или приближни на оние од почетокот на епидемијата.

Очекувано се шпекулира дека главна причина за укинувањето на полицискиот час и олабавувањето на мерките е навивањето за одржување на избори, бидејќи „железото се кове додека е врело“.

Со други зборови, системот покажа дека може да се справи со корона вирусот односно да го поднесе најсилниот удар и тоа сега ќе се искористи во политички цели односно за добивање поени на изборите, што е легитмно.

Но, тоа не значи дека граѓаните сега треба да бидат „пуштени низ вода“ односно да бидат оставени сами да се справуваат со корона вирусот.

Голем број и досега не ги почитуваа мерките за заштита и потпирањето на свеста и совеста на поединци во борбата против корона вирусот е однапред загубена битка.

Имено, мора да се земе предвид дека луѓето едвај чекаат да се опуштат откако беа два месеци затворени. Некои од нив целосно полудеа и станаа агресивни кон блиските и соседите за што сведочат полициските билтени.

Затоа, мора да се внимава бидејќи многу лесно може да се случи разгорување на епидемијата и враќање на рестриктивните мерки токму во предизборието што како бумеранг може да им се врати на оние што сега навиваат за избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски час уште вечерва, угостителите ќе почнат да работат од задутре

Државниот карантин се заменува со домашна изолација со негативен тест на Ковид-19

Тепачка меѓу брачни парови за време на полициски час во Велес

Групна тепачка за време на полициски час на улица „Христо Татарчев“ во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Љубе Стаменковски, разрешениот директор во М-НАВ, на чие место доаѓа Милан Кораќ

Редакција

(Фото) Почна чистењето на ОХИС: Првата тура опасен историски отпад пристигна во Базел

Редакција

И за проблемот со бездомните кучиња државата ќе бара помош од ЕУ

Редакција