еМагазин
Image default
Локално

Филмска трка: Бегале од полицијата во „Ауди“ со Еритреец во багажникот

На 30.08.2018 година околу 23 часот на патниот правец од Дојран кон Валандово, од страна на полициски службеници, биле забележани две возила „Ауди“ како се движат со голема брзина, при што на даден знак „стоп“ истите не застанале и продолжиле да се движат во правец кон Валандово, информира МВР.

Полициските службеници се упатиле по нив при што едното возило било забележано како се упатува кон Струмица, додека другото кон Валандово. Во 23.20 часот во центарот на Валандово пронајдено било едното возило, а во багажникот од возилото е пронајдено лицето Ф.Д.(26) од Еритреа.

Извршен бил увид на местото на настанот, а лицето било однесено во Полициската станица на Граничниот премин Богородица за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му одзел пиштол во менувачница

Редакција

Кривична пријава за гостиварец кој ја игнорирал забраната за градба на колективна зграда

Редакција

Штипски пожарникар исчезнал на планината Серта

Редакција