еМагазин
Image default
Локално

Филмска трка во Штип: Со возило сакал да удри полицаец, па се обидел да побегне

На 07.10.2019 околу 11.10 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле О.Е.(32) од с.Оџалија, општина Карбинци. На ул.„Партизанска“ во Штип тој со своето возило „опел астра“ не застанал на знак за запирање издаден од полициски службеници, а се обидел и да удри еден од нив, информира МВР.

Набргу потоа, на излезот од с.Радање, кон с.Оџалија, О.Е. го запрел возилото, се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен маж од битолско, се обидел да го убие својот татко

Редакција

Исчезна девојче од Скопје кое боледува од епилепсија

Редакција

(Видео) Невреме во Кавадарци блокираше неколку патни правци

Редакција