еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Актерката Милица Стојанова се вакцинираше: Не сакам да гледам уште една војна со невидливото

Познатата македонска актерката Милица Стојанова се вакцинираше против Ковид-19.

“Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот на земјотресот… Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички… Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам…

Не сакам да гледам уште една војна со невидливото.

Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив… Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се’ уште да се радувам во заедница, а не да самувам.

Затоа да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене…

И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив.

Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот“, напиша таа на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Стојанова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска променливо облачно време, со умерен северен ветер

Редакција

До петок времето облачно со повремен дожд

Редакција

„Фајненшл Тајмс“: На Северна Македонија и е неопходен попис на населението

Редакција