еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Царината на Богородица заплени девизи и злато во вредност од еден милион евра

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа завчера на ГП Богородица при контрола на автобус открија и запленија ‪262.750 долари, ‪155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу ‪600.000 евра, информираа од Царина.

-Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП Богородица.

При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи.

Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага, информираат од таму.

Со поднесување на соодветни пријави, случајот ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 35 починати лица, најмладиот пациент на 34 години

Редакција

Поранешниот претседател на Собранието, Вељаноски им објасни на пратениците како за еден ден можат да си ги замрзнат платите

Редакција

Топ 5 најниски просечни нето-плати во ноември

Редакција