еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Царината заплени часовник вреден 35 илјади евра

Во текот на месец декември, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани луксузен часовник, облека, обувки, цигари, компјутери, печатар, странски регистарски таблички, фалсификати и друго, информираат од Царинската управа.

Царината, меѓудругото, привремено задржи луксузен часовник со вредност од околу 35 илјади евра.

Часовникот бил откриен на граничниот премин Богородица на влез во државата кај лице со грчко државјанство, кое управувало патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки.

На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, патникот не пријавил ништо, но по извршена контрола, под возачкото седиште од задната страна, во црна кеса во оригинална кутија пронајден е часовник и фактура за часовникот на име на швајцарски државјанин.

Станува збор за часовник марка Audemars Piguet Royal Oak Offshore со вредност од 2.200.000 денари и избегнати царински давачки од 525.800 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Велија Рамковски подготвува емисија во која се појавува лично тој

Редакција

Клиника „Жан Митрев“: Закажување, тестирање и резултати за Ковид-19 во рок од 24 часа

Редакција

(Видео) Спасен животот на 55-годишен велешанец заболен од Ковид-19

Редакција