еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Царовска на „Фејсбук“ ги објави распоредите на часови за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

Министерката Мила Царовска на својот Фејсбук ги објави распоредите со часови од прво до деветто одделение за наставата на телевизија и напиша дека едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици.

Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат, напиша Царовска на Фејсбук.

Според анализите на Министерството за образование и наука (МОН), околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ-уреди и за нив алтернатива за следеење на наставата е физичко присуство во училиште, доколку тоа има дозвола, но и со согласност од родителите/старателите.

Ако нема согласност од нив, ќе бидат обезбедени печатени материјали кои наставниците ќе им ги доставуваат на родителите и ќе се емитуваат 15-минутни видеа од наставните часови на националниот сервис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради болест на на обвинетиот Мартин Протуѓер, судењето за „Титаник“ одложено за 24 септември

Редакција

Софија и Скопје нема заеднички да ја одбележат 120-годишнината од смртта на Делчев на 4 мај

Редакција

Уставен суд го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата на поранешниот судија Владимир Панчевски

Редакција