еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Фото) Доволно мака за „тетката со кибритчињата“: Да помогнеме, да и олесниме

На фејсбук-страницата „Стопли срце“ има апел за помош на 66-годишна жена, која секојдневно преживува голгота.

Хуманитарната акција е во тек, одредена помош е собрана, но за она што се уште недостасува напишете во инбокс на „Стопли срце“.

Апелот за помош Ви го пренесуваме во целост:

„Не ми се живее веќе, не можам, немам сила, не можам да издржам, не можам… И плаче, плаче… Премрзната, истоштена, изнамачена и уморна од животот кој го живее. Ја нарековме „Тетката со кибритчињата“, така не асоцираше кога ја видовме, измрзната, испозавиткана со шалови, гладна, уморна, а сепак проба да ни се насмевне кога не виде.

Оваа жена имаа 66 години и секој ден оди да работи на тезга на пазар од 08:00 до 16:00, за 200 денари! Секој ден, на пеколни температури, на минусни температури, на студ, секој ден со години!
Пред десетина години имала нормален живот, се додека животот не го сменил својот тек. Првин ја отпуштиле од работа, па мажот и починал, синот добил слепило. Во очај да го спаси видот на своето чедо, ја ставила куќата под хипотека. Почнала голготата по соседните земји по болници, но за жал неуспешно. Синот останал слеп, а женава ја изгубила куќата.

Сега живеат или да речеме преживуваат во едно куќиче кое пробала да го направи дом. Две години живееле без струја со слепиот син. Благодарение на соседите кои собрале пари, сега имаат струја. Но за жал условите се многу лоши, немаат внатрешни врати, немаат бојлер-8 години се бањаат со шишиња со вода, целата покуќнина е стара и дотраена.

Живеат во мизерни услови! Јадат стар леб, оној што се продава по 6-7 денари, повеќето од времето седат гладни.. Ахх кутра мајка луѓе, да си го гледаш чедото слепо и безпомошно, а да немаш ни лебче да му подадеш.

Ајде луѓе, сите заедно да им ја смениме судбината! Доволно се мачела оваа жена! Ајде сите ние заедно, да бидеме кибритчињата што ќе им донесат светлост во нивниот дом! Душава мила заслужува верувајте! Ајде да донесеме светлина дечки, да средиме уште еден дом, да и ја смириме душата на оваа мајка, да им помогнеме новата 2019 да им почне со поубав живот!

Ние однесовме облека и скромна донација од храна. Потребни ни се бојлер, 2 врати, плоцки за ве-це, поликолор, кујна, спорет, фризидер, финансиски средства.

Ајде нас народе да бидеме светлина за ова семејство!!!“

Здружение на граѓани “Стопли Срце”

Сметка за донации: 270072685480143

ИБАН: МК07270722000030435
ХАЛКБАНК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донаторска акција „Нахрани 10.000“: Целта е да се соберат 10 тони храна за 10.000 социјално загрозени граѓани

Редакција

27-годишната Драгана е изгубена, семејството бара помош: Носи пругаста блуза и црни тренерки

Редакција

Да помогнеме на Елизабета Бабунска, мајка на две малолетни деца: Боледува од рак на желудник потребни се средства за лекување

Редакција