еМагазин
Image default
Да помогнеме

Донаторска акција „Нахрани 10.000“: Целта е да се соберат 10 тони храна за 10.000 социјално загрозени граѓани

Храна за социјално загрозени граѓани ќе може да се донира денеска до 18 часот на 19 локации во Скопје, Велес, Битола, Штип, Кочани и Гевгелија, во рамките на националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“.

Целта на акцијата, што ја организира Асоцијацијата „Сите сити“, е да се соберат 10 тони храна наменета за 10.000 социјално загрозени граѓани.

Oд Асоцијацијата препорачуваат сите хумани граѓани да донираат храна што не е лесно расиплива, на пример: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, кокошкина супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Организациите што се членки на „Сите сити“, како што посочуваат од Асоцијацијата, водат евиденција за различни категории социјално загрозени граѓани, кои имаат потреба од оваа храна. Храната ќе се пренесува во вид на неделни/месечни пакети. Дел од храната граѓаните сами ќе ја подигнуваат, а дел ќе им биде однесена до нивните домови.

Според Државниот завод за статистика, во Македонија проблем да обезбедат храна имаат 445.099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно, наведуваат од Асоцијацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Гевгелија упати апел до фирмите финансиски да и помогнат на Општата болница

Редакција

Започна проектот „И јас сум Дедо Мраз“: Да купиме подароци за дечињата во социјален ризик

Редакција

Две девојки на 17 и 18 годишна возраст се исчезнати пред два дена, се апелира за помош

Редакција