еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој со кого ќе коалицира, можни ли се изненадувања кај СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и формирање втор албански блок

Лидерите на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не откриваат дали и кога ќе коалицираат, пред или после изборите.

Тие се уште ги разгледуваат опциите и како што велат, предизборните коалиции логични се пред локални и претседателски избори, но не и во пресрет на парламентарни избори.

Али Ахмети се изјасни дека нема да коалицира пред изборите на 12 април, бидејќи од таквата предизборна коалиција не би имале користи ниту ДУИ, ниту пак нивниот владин партнер СДСМ.

„Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ, ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ, ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии“, вели Ахмети во интервју за МТВ2.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека дебатата за предизборно коалицирање на предвремените парламентарни избори нема да ја почнат пред крајот на следниот месец. Заев истакна дека се уште е рано, имајќи предвид дека до кампањата и изборите има пет односно шест месеци и оти ставот за тоа би се знаел веројатно на крајот на февруари или почетокот на март.

„Не сме ја ни отвориле таа дебата и немаме намера сигурно да ја отвориме до крајот на ноември. Далеку се изборите, без малку за шест месеци, до кампањата има уште пет месеци. Веројатно тоа ќе се случува крајот на февруари и почетокот на март кога ќе ги знаеме нашите стојалишта, така што многу е рано да зборуваме за тоа“, изјави Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека разговара со сите политички партии и доколку има сврзна точка и најде заеднички интерес кој ќе конвенира со интересот на граѓаните не постои пречка да потпише договор за предизборна коалиција.

„На нивото на кое комуницирам со ДУИ не постои таков тип на комункација. Разговараме со многу политички партии. Апсолутно разговараме и ќе продолжат разговорите со политичките партии. Доколку имаме сврзна точка, доколку најдеме заеднички интерес кој ќе конвенира со интересот на граѓаните на Македонија апсолутно не гледам никаква пречка да потпишеме договор и предизборна коалиција, но да оставиме и простор понатаму да ги донивелираме ставовите доколу има некои разединувања во постизборна коалиција после победата на предвремените парламентарни избори“, истакна Мицкоски.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села пак јавно ги повика БЕСА и Алтернатива да се обединат против ДУИ, ДПА и НДП за да се формираат два албански блока.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски ја поклони книгата „Македонија е се што имаме“ од Глигоров на библиотеката на Парискиот мировен форум

Редакција

Ревакцинирани вкупно 748.563, трета доза примиле 782 граѓани

Редакција

Возачот на комбето со кој се возеше заразената, од домашна префрлен во изолација во струмичката болница се пожалил на сомнителни симптоми

Редакција