еМагазин
Image default
CHECK IN

(Фото) еМагазин во Токио: Бутици за кучиња и мачки

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин директно од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

Фустанче за вашето кученце

Додека кај нас секојдневно читаме за напади од кучиња или тровење на куќни љубимци, во Јапонија тие се влезени во барабанот на трговијата и годишно носат милиони и милиони евра заработувачка.

Освен големата индустрија за производство на храна од секаков тип наменета претежно за кучиња и мачки, играчки и слично, работи кое може да се купат насекаде, овде цвета и трговијата со облека, накит и што ли уште не за куќните љубимци.

Па така, бутиците за куќните љубимци, кои по ништо не се разликуваат од тие наменети за луѓето, се составен дел од секој поголем трговски центар.

Дефинитивно да бев куче или маче ќе сакав да се родам токму овде :).

ПРОДОЛЖУВА….

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје за 2021 година

Редакција

(Фото) Кафе-книжарница „Буква“ – нова приказна под старите брези во Скопје

Редакција

Limak Skopje Luxury Hotel ја носи автентичната храна и музика од Босфорот во центарот на Скопје

Редакција