еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Гимназија во Битола забрани мобилни на час и за учениците и за наставниците

Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола ги забрани мобилните телефони во текот на часот.

-Има време и за мобилни телефони, но на училиште, најважен е часот и предавањето на наставникот. Со одлука на Наставнички совет, сите ученици и наставници задолжително ги оставаат своите мобилни телефони во кутиите со прегради кои ги набавивме специјално за таа намена. Секако дека за време на одморите можат да се користат.

Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет. Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците, но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието, велат од училиштето на нивната Фејсбук страна.

Фото: Фејсбук/гимназија “Јосип Броз Тито“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почина пејачот Масимо Савиќ

Редакција

Детали за апсењето на државниот секретар: Јахи Јахија зел мито од 37.930 евра

Редакција

Од 1. јули следната година целосна забрана за пластични и оксобиоразградливи кеси

Редакција