еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Годинава низ македонските планини може да се забележат огромни печурки кои достигнуваат и до 10 килограми

Македонските планини годинава изобилуваат со печурки, сведочат планинарите, но и берачите на шумски плодови.

Топлото време и влагата, придонесуваат не само да ги има во огромен број туку, тие да растат и во големина.

Неодамна Васо Гошев најверојатно ја пронајде најголемата „пувка“ на овие простори која тежи 10 килограми.

Но и друг вид на печурки годинава израснаа големи колку чадори. Според откупувачите, изобилието на печурки годинава, двојно или тројно ја спуштило цената на откуп на печурки за разлика од претходните години.

Уживајте во убавините доловени низ објективот на „еМагазин“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД ја повика Кина на соработка и транспарентност околу потеклото на коронавирусот

Редакција

Најдено безживотно тело во реката Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобил во вторникот

Редакција

Би се самоизолирале ли поради корона вирусот?

Редакција