еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Говор на омраза за Македонците и на реваншот помеѓу Шкупи и Левски во Софија

И на реваншот помеѓу скопскиот фудбалски клуб Шкупи и софискиот Левски во Софија имаше отворен говор на омраза против Македонците, а навивачите на бугарскиот клуб дури подготвија и „илинденска“ кореографија.

Навивачите пееја дека „Илинден за Бугарите е Велигден“, а на еден од бројните навредливи транспаренти пишуваше: „Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“.

Очекувано немаше никаква реакција за осуда од бугарското МНР, кое буквално регира за се и сешто, но и од македонското.

Натпреварот заврши со нов пораз на Шкупи (0:1), а од клубот соопштија дека поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје, УЕФА ги казнила со 42.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Отворена албанофобија и навреди за Македонците од страна на бугарските навивачи

Фото: sportal.bg

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смртноста од Ковид-19 за една недела намалена за 45,8%

Редакција

Димитриевска чиј сопруг загина кај Млечен, реагира на изборот на Бундалевска за виш јавен обвинител: Ја наградија, наместо да ја казнат

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: Бројката во Чаир од над 400 се намали на 55

Редакција