еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Говор на омраза за Македонците и на реваншот помеѓу Шкупи и Левски во Софија

И на реваншот помеѓу скопскиот фудбалски клуб Шкупи и софискиот Левски во Софија имаше отворен говор на омраза против Македонците, а навивачите на бугарскиот клуб дури подготвија и „илинденска“ кореографија.

Навивачите пееја дека „Илинден за Бугарите е Велигден“, а на еден од бројните навредливи транспаренти пишуваше: „Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“.

Очекувано немаше никаква реакција за осуда од бугарското МНР, кое буквално регира за се и сешто, но и од македонското.

Натпреварот заврши со нов пораз на Шкупи (0:1), а од клубот соопштија дека поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје, УЕФА ги казнила со 42.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Отворена албанофобија и навреди за Македонците од страна на бугарските навивачи

Фото: sportal.bg

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Редакција

(Видео) Потресно сведоштво на домородците: Ранчери намерно го опожаруваат Амазон

Редакција

Нови 18 случаи на Ковид-19 од кои 11 во Скопје, од 2.798 тестирања

Редакција