еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Хероина на денот: Сестра Маја се грижи за заболените од коронавирусот

Додека повеќето жени, секоја на свој начин денеска го слави Меѓународниот ден на жената, 8 Март, сестра Маја се грижи за заболените од корона вирусот.

“Денеска посебно признание и оддаваме на медицинската сестра Маја која е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби давајќи грижа на пациентите со корона вирус.

Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката Стевановиќ на Клиниката.

По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!“, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што информираа денеска од Министерството за здравство, тројцата пацинети со коронавирусот се во добра здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројцата заболени од коронавирус во Македонија во стабилна здравствена состојба

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) И Пјаченца во Италија, каде работат илјадници Македонци во карантин поради коронавирусот

(ВИДЕО) Драстични мерки: 16 милиони луѓе во Италија во карантин поради коронавирусот

Фото: Фејбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Светот згрозен од Далај Лама кој побара од момче “да му го цица јазикот“

Редакција

И на Атиџе и најдоа мана, оти не била Македонка, а Македонија не била сиромашна: Твитер реакции

Редакција

Денеска ќе се одржи организирана тура во трчање низ пределот каде што беше снимен „Медена земја“

Редакција