еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Каде ќе се чуваат вакцините за Ковид-19: Обезбедени фрижидери до -20 степени, тие до -70 ќе стигнат во јануари

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини.

„Министерот со дел од стручните тимови на дистрибутерите направи обиколка на ладните соби, и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство и со нив разговараше како и на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за Ковид-19, кога ќе пристигне во нашата земја.

Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините.

Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до – 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.

Филипче се заблагодари на економските оператори за согласноста да бидат дел од овој систем, а за понудените услуги Министерството за здравство со нив ќе потпише договори.

Вакцинацијата ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини за Ковид 19 се безбедни и ќе бидат бесплати за граѓаните„, велат од МЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го празнува 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Денарот останува стабилен

Редакција

Спасе останал без родители, живее сам и наследил долгови  

Редакција