еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Како не треба: Џафери, Бектеши и Дехари без маски, во група, во затворен простор

Поранешниот претседател на македонското Собрание, Талат Џафери на својот Фејсбук профил објави фотографии со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари и министерот за економија, Крешник Бектеши на кои тројцата се без маски во затворен простор и позираат во група со други луѓе.

Оваа е класичен пример за непочитување на мерките за спречување на корона вирусот, иако политичарите на ДУИ на почетокот на кампањата за парламентарните избори ветија дека ќе ги почитуваат истите.

На друга фотографија Џафери и се поздравува со Дехари под неговото „омилено место“ за позирање грбот на УЧК.

Надвор пак за каде не се препорачува носење маска, Џафери и Бектеши носат маски.

Фото: Џафери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 184 оздравени од Ковид-19

Редакција

Жители на Врање одат по млеко во Македонија

Редакција

Приведен инспектор од УЈП, побарал и примил пари за да изврши противправно службено дејствие

Редакција