еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Како порано изгледал Бигорски манастир: Бил основан од монахот Јован во 1020 година

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква.

Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор.

Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Свесен дека за монахот вистинската Божествена љубов се наоѓа во болката за спасението на својата душа и во болката за спасението на целиот свет, тој се определи да им служи на другите, и покрај големите искушенија.

Знаејќи дека духовната обнова на секој манастир започнува, пред сè, со обновата на литургискиот живот, игуменот Партениј го воведе редовниот деноноќен, седмичен и годишен богослужбен круг, според типикот на светата православна Црква, којшто вклучува: вечерна, повечерие, полуноќница, утрена, часови, Божествена Литургија и останатите богослуженија.

Секако, посебен и најдрагоцен Божји дар и благослов за нашата Свештена Обител е обновата на православното старчество, коешто е венец на духовниот подвиг.

Духовното раководство на старецот, преку светите тајни исповед, покајание и причест, е срце на духовниот живот, од коешто исходи божествената воскресенска благодат, што ги преобразува душите на луѓето. Сето тоа привлече голем број верници, кои, заедно со возобновеното општежително монаштво, станаа дел од духовната преродба што ја зафати и целата наша татковина.

Така, манастирот и денес, како грижлива и чедољубива мајка, повторно ги повикува сите свои чеда и, подобно на коработ на праотецот Ное, ги отвора своите врати за да ги спаси верните од духовниот потоп.

Секој што доаѓа овде е повикан да стане сопричесник на оваа духовна средина, каде што царува главата – Христос и каде што слегуваат Неговите прославени членови – Светиите, за да заедничарат со верните во Божественото богослужение.

Фото: Фејсбук/Бигорски манастир/Православно секојдневие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг: Нападот на Русија на Украина е сериозно кршење на меѓународното право

Редакција

Детали од МВР за кобната сообраќајка меѓу двајцата моторџии на автопатот Велес-Гевгелија

Редакција

Намалување од 14,6%: За една недела 5.518 нови случаи на Ковид-19

Редакција