еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Каменуван српски автобус и украдени лични предмети на руски туристи во центарот на Скопје

Туристички автобус на српски превозник, кој превезувал руски туристи е каменуван и ограбен во Скопје, пишува „Блиц.рс“.

Според информациите на овој медиум, руските државјани биле на патување низ земјите од регионот: Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Автобусот бил паркиран во центарот на Скопје додека туристите и возачот отишле на спиење.

Но утринава во 7 часот се случил инцидент, непознати сторители го оштетиле возилото и со тули го скршиле стаклото. Од автобусот биле украдени лични работи на патниците и возачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само е каменуван, не е и ограбен: МВР со детали за српскиот автобус

На скршениот прозор биле пронајдени и траги од крв. Причините за овој вандалски чин не се познати, а полицијата работи на случајот.

Поради оштетувањето на автобусот, туристите не можеле да го продолжат патувањето, па по нив дошол друг автобус од истиот превозник кој бил во близина.

фото: Блиц.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14-годишно девојче почина во базен во Битола

Редакција

Мицкоски: Пратениците ме разочараа мене, партијата и татковината и затоа ќе бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Зголемен ризик за воспаление на срцевиот мускул по зараза од Ковид-19

Редакција