Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) имаа свечена прослава во „Воденица“ која традиционално се одржува секоја заедно.
Традиционално на прославата секоја година присуствуваат високи претставници од Владата на Република Македонија, дипломати, претставници на релевантни институции, меѓународни организации, медиуми, соработници и компаниите членови на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Македонија. Формирана како невладина и непрофитна организација ССК ги промовира и застапува бизнис интересите на илјадници компании членови и ги поврзува со над 1.000 национални, регионални и интернационални институции и организации.
Фото: Фејсбук-страница на ССК