еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој се е добитник на годишните награди на Македонската берза за 2022

Синоќа се одржа церемонијата на доделување на Годишни награди на Македонска берза за 2022 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

-По примерот на некои поразвиени берзи, од минатата година Македонска берза воведе целосно нов концепт и започна со доделување на овие годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цени и број на трансакции.

За овие награди пресекот согласно усвоената Методологија за доделување на наградите од страна на Одборот на директори на Берзата се прави вториот петок во декември.

За останатиот дел од наградите одлучуваа специјални комисии составени од пазарните учесници, експерти и претставници на медиумите, а за наградата „Акција на годината“ пошироката инвестициска јавност преку анкета на сајтот на Берзата и интернет порталот Фактор, објаснуваат од Берзата.

Настанот за доделување на годишните награди го отвори заменик министерот за финансии, Филип Николоски, а по неговото обраќање пред присутните се обрати и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.

Годишните награди на Берзата ги доделија Нора Алити, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Тони Стојановски, претседател на Одборот на директори на Берзата и проф. д-р Сашо Арсов од Економскиот факултет Скопје.

Добитници на Годишните награди на Македонска берза за 2022 година се:

Категорија „Акција со најголем промет во 2022 година

Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје, a во име на банката наградата ја прими Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор.

Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е ТТК Банка АД Скопје, а Леона Димитровска, директор на Дирекција за маркетинг и развој на производи во име на ТТК Банка ја прими наградата.

Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2022 година

Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Македонски Телеком АД Скопје, а Златко Кузмановски, виши специјалист за корпоративни финансии, во име на Македонски Телеком ја прими оваа награда.

Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје, а во име на друштвото наградата ја прими Марија Дуковска – Павловска, генерален директор.

Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година

Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Алкалоид АД Скопје, а Виктор Стојчевски, директор на финансии ја прими наградата во име на Алкалоид.

Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје, а Марија Дуковска – Павловска, генерален директор на Макстил ја прими и оваа награда.

Категоријата „Членка на годината за 2022 година

Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник е Илирика Инвестментс АД Скопје, а Васко Митев, директор на членката да ја прими наградата.

Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Еурохаус АД Скопје, а Стефан Степаноски, извршен директор на членката ја прими наградата.

Категорија „Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2022 година“ – по избор на пазарни учесници и по избор на новинари – во двете категории добитник е Алкалоид АД Скопје.

Комисијата на пазарните учесници ја сочинуваа Лидија Трајковиќ, како претставник на членките на Берзата, Лазе Камчев, како претставник на инвестициските фондови и Коста Иваноски, како претставник на пензиските фондови.

Комисијата на новинарите ја сочинуваа Горан Теменугов, новинар во ИРЛ Македонија, Весна Миќиќ Божиновска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер и порталот vecer.press и Петре Димитров, главен и одговорен уредник на emagazin.mk.

Во категоријата „Акција на годината за 2022 година по избор на јавноста“ – добитник е Алкалоид АД Скопје. Наградата „Акцијата на годината по избор на јавноста“ се доделува на котирано акционерско друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се вршеше паралелно на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“.

Категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“ – добитник е УНИ Банка АД Скопје. Имено, УНИ Банка со издавање на нови финансиски инструменти на пазарот даде успешен пример, по што и други издавачи од финансискиот сектор издадоа должнички хартии од вредност, со што се збогати понудата на нашиот пазар и се покажа дека пазарното финансирање е реална, а не само теоретска опција.

За доделување на оваа награда беше формирана Комисија во следниов состав: Тони Стојаноски, претставник од Одбор на директори на Македонска берза, Иван Штериев, претставник од стручната служба на Берзата, Магдалена Симоновска, претставник на регулаторните институции, Горан Марковски, претставник од пазарните учесници, Јелисавета Георгиева-Јовевска, претставник на корпоративниот сектор, Сашо Арсов, претставник од високообразовна институција и Драган Давитков, претставник од редот на експерти во областа на финансии.

Фото: Македонска берза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се очекува тензичен викенд во Црна Гора, ЕУ и ОН изразија загриженост

Редакција

Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по Самитот со земјите од Западен Балкан

Редакција

Вкупно 1.487: Од Ковид-19 починаа 25 лица

Редакција