Дури 45% од граѓаните сметаат дека никој во Владата не ја врши добро својата работа, покажува новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија.
Според анкетата од министрите најпозитивно мислење има за работењето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл).
Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.
Анкетиран е национално репрезентативен примерокот од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе.
Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69 отсто.
Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Груевски има највисок рејтинг во анкетата на ИРИ
Анкета на ИРИ: Само 13% од граѓаните сметаат оти Македонија се движи во вистинска насока