еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

(Фото) Успешни проекти за развој на локалниот туризам

Во периодот од 2016 до 2019 година во Македонија беше спроведен Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).

ПЛРК беше соработка помеѓу Европската Унија и Владата со донација во вредност од 18 милиони евра од Европската Унија преку програмата ИПА 2.

Од вкупниот буџет за проектот вреден 21,5 милиони евра, беше поддржана реализацијата на 57 проекти за развој на туризмот во Македонија.

Поддржаните проекти беа поделени во три категории: 19 проекти од страна на општините за подобрување на локалната инфраструктура со цел унапредување на туристичката понуда на нивната територија, 18 проекти од страна на микро и мали претпријатија за збогатување на нивните капацитети и туристичката понуда и 20 проекти од страна на невладини организации и здруженија.

По завршувањето на проектот Европската Унија спроведе надворешна евалуација за да го процени влијанието и одржливоста на мерката. При процесот на евалуација од 57-те проекти, 14 беа истакнати како најуспешни приказни, и тоа: шест општински, шест од микро и мали претпријатија и четири од невладиниот сектор.

Тимот за евалуација, сочинет од врвни долгогодишни експерти на полето на евалуацијата на проекти од ваков обем, оцени дека овие 14 проекти најдобро ги искористиле доделените средства, влијаеле на отворање на нови работни места и успеале да ја зголемат туристичката понуда во својата туристичка дестинација и со тоа директно влијаеле на подобрување на локалната економија.

Осумнаесет месеци по официјалното завршување на проектот, ПЛРК ќе се заокружи со завршен настан, на кој ќе бидат презентирани резултатите од четиригодишните активности и од евалуацијата.

Настанот ќе се одржи во Винаријата „Лазар“, која ќе биде промовирана како една од најуспешните приказни во рамки на овој проект.

Најуспешните приказни можете да ги погледнете на: lrcp.mk.

Заследете ја и страницата на ПЛРК на Фејсбук: facebook.com.

defaultDCIM100MEDIADJI_0006.JPG
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гром ја опожари куќата на семејство од Долно Лисиче, потребни се средства за обновување

Редакција

Ненадејно почина врвниот музичар Милан Завков, првенецот на Танец и истакнат инструменталист

Редакција

Австрија предлага унапредување на постепената интеграција на Западниот Балкан на патот кон полноправно членство во ЕУ

Редакција