еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Кристина Арнаудова и децата од „Шарено лето“ собраа 35 ќеси ѓубре во Маврово

Децата кои учествуваа на спортско-забавниот летен камп за среќни деца „Шарено лето“ кој е во организација на Кристина Арнаудова, собраа 35 вреќи ѓубре во Маврово.

„Многу сум горда на сите овие деца и на цела екипа на мојот летен камп. Заедно со децата имавме еко акција, го исчистивме до последно ливче реонот кај ски терените, хотел Бистра, Хотел Лоџ фудбалското игралиште и околината. 35 вреќи со ѓубре! Sooo proud of them!!!“, напиша Кристина на нејзиниот фејсбук-профил.

Воедно таа е разочарана и зачудена од ѓубрето што луѓето го оставаат позади себе.

Спортско-забавниот летен камп за среќни деца „Шарено лето“ се случуваше од 10 до 16 август и од 16 до 22 август во хотел „Лоџ“ во Маврово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на „Скопје Север“ не гледа ништо спорно што топланата го користи загадувачот мазут

Редакција

ССК со предлог од 10 мерки за институционално справување со загадувањето и климатските промени

Редакција

Полни раце работа за инспекторите за животна средина: Несоодветно се постапува со отпадни материи, неакредитирана лабораторија мерела загадување….

Редакција