еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година што се доделува за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, денеска им беше врачена на Ленче Здравкин и на Денис Јанкуловски.

Наградите на добитниците во Кристалната сала на Собранието им ги врачи претседателката на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, Уранија Пировска, која потсети дека денеска се одбележува 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.

„Да им додели награда на луѓето кои покажаа висока свест за човековите права. Покажаа пожртвуваност во напорите да им помогнат на оние кои се најранливи и најмаргинализирани.

Одлучивме да доделиме две награди оваа година затоа што сметавме дека овие двајца луѓе им помогнаа на оние кои навистина се маргинализирани – мигрантите и лицата со нетипичен развој,“ рече Пировска.

Таа нагласи дека двајцата добитници и се добро познати на македонската јавност, Ленче Здравкин или Ангелот од Велес и Денис Јанкуловски познат како Космонаутко. Здравкин, како што рече, во екот на најголемата бегалска криза ги отвори вратите на својот дом, ги хранеше и им помагаше на бегалците. Додаде дека Здравкин се уште е активна и им помага на социјално загрозените семејства.

Пировска потсети дека Денис Јанкуловски во време на Ковид-19, со своите пораки ги охрабруваше пациентите и укажуваше како треба соодветно да се однесуваме во една таква криза. Наградата „Мето Јовановски“ му се доделува за неговите активности за инклузија на лицата со нетипичен развој.

Здравкин потсети на значењето на 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права и истакна дека со секоја кампања и со вложен труд од секој од нас правиме мало поместување на нештата.

„Нашиот глас треба да стигне колку што е можно подалеку. Да ја градиме јавната свест, бидејќи не постои толеранција за кршење на човековото право.

Секоја координирана активност од општеството, од тебе, од мене, од сите заедно има клучно влијание во справувањето со кршењето на секое човеково право,“ рече Здравкин.

Таа апелираше до сите органи и останатите чинители во општеството да ги спроведуваат и почитуваат законите.

Јанкуловски изрази благодарност за наградата и порача дека лицата со атипичен развој заслужуваат и мора да ги имаат истите човекови права, како и секој од нас, а тоа да не биде само на хартија.

На доделувањето на наградата во Собранието присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, кој прв им честиташе на добитниците, како и пратеници, универзитетски професори, актери, новинари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Балкан Инсајт“: Ленче Здравкин – жената која стана „ангел на бегалците“

(Фото) На Денис Јанкуловски Космонаутко му се исполни голема желба: Се чувствувам како да добив Оскар

Денис Јанкуловски Космонаутко е помеѓу предложените здравствени работници за „Европејци на годината“, од страна на Делегацијата на ЕУ

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Катица Јанева бара апанажа: Што пишува во барањето?

Редакција

Најмалку десет лица починаа во пожарот кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово

Редакција

Спасовски демантира дека луѓе се наоѓаат без органи и гарантира за безбедноста на граѓаните

Редакција