еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Лидерот на Алтернатива, Гаши се сретна со Заев во Струмица, поводот за средбата непознат

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вчера во Струмица имал средба со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Информацијата на Фејсбук ја потврди Гаши, откако претходно неговиот поранешен сопартиец, Скендер Реџепи-Зејд, кој сега е независен пратеник, откако ја напушти Алтернатива, информираше за тоа објавувајќи и фотографија од средбата, прашувајќи: „прашање за 1 милион евра –  што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?“.

Гаши пак на Фејсбук напиша дека вистинското прашање e зошто и по чиј налог го следат службите на СДСМ и на ДУИ.

„Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина.

Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев.

Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“, напиша Гаши.

Фото: Влада/Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранко Героски добивал опомени и закани оти ја критикувал власта: Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!

Редакција

Заврши доказната постапка за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Во пет балкански земји ќе патуваме со лични карти

Редакција