еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) „Mavrovo Maximum Adventure 2019“ – најголем тим билдинг настан во регионот

Од 7 до 9 јуни, на терените на Скијачкиот центар Маврово и на Мавровското Езеро, по шести пат се организираше еден од најпредизвикувачките аматерски спортски летни настани „Mavrovo Maximum Adventure“.

Се работи за програмски најбогатиот македонски настан наменет за компании и организации, за што говорат бројките од 400 пријавени учесници од повеќе од 20 компании и организации.

„Целта и идејата на „Mavrovo Maximum Adventure“ беше преку адреналински спортови и авантуристички игри да се реализира лесен тим билдинг со фокус на спортските активности.

„Mavrovo Maximum Adventure“ е совршена шанса за меѓусебно вмрежување и размена на информации и искуства меѓу компаниите и организациите учесници. Со ова директно се придонесува за создавање услови за подобра бизнис клима и меѓусебна соработка меѓу компаниите“, изјави Огњан Циговски, директор на Скијачкиот центар Маврово.

Mavrovo Maximum Adventure е супер повод за подобрување на интерните односи, зголемување на довербата и лојалноста, подобрување на комуникацијата меѓу вработените и пред сѐ, одлична забава за целата компанија.

Sport Challenge игрите (кајак на мирни води, возење SUP даски, стрелаштво, планинско трчање, планински велосипедизам, фрлање на копје и други) беа креирани и организирани од страна на професионални спортски друштва кои се долгогодишни експерти во својата област, додека Adventure Games игрите беа тимски активности каде учесниците, во најбрз можен рок, имаа задача заедно да ги совладаат препреките, потпирајќи се на снаодливоста, интелигенцијата и агилноста на членовите на тимот.

Освен богатата понуда на „Mavrovo Maximum Adventure“, овој настан е уникатен и поради совршената локација на Маврово, сместен во подножјето на планината Кораб, која повеќе од 50 години е симбол за приказни исполнети со гостопримство, традиција и планинско спокојство.

Маврово, кое важи за една од најубавите македонски планински долини, се покажа дека е одлично место за организација на летен тим билдинг за компании и организации, придружен со незаборавна летна авантура исполнета со прекрасни шумски предели, зелена идила, неверојатни пејсажи, чист воздух и совршени услови за планински прошетки, велосипедизам и останати планински спортови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатен мотивациски семинар за млади и идни претприемачи – „Principles of success“

Редакција

Училиштето „Нова“ е добитник на награда за развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа

Редакција

(Фото) „Скопско“ ги враќа маалските дружби во Карпош

Редакција