еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија

Филмот „Медена земја“ продолжува да освојува бројни награди, а неговата хероина Атиџе ги освои срцата на луѓето кои го гледаа овој македонски документарец. Таа беше доволна инспирација за група на велосипедисти кои решиле да возат до селото Бекирлија, од каде што Атиџе потекнува, и каде што е снимен филмот.

„Медена тура. Така ја крстивме. Воодушевени од филмот “Медена Земја“ и главниот лик Атиџе од село Бекирлија, решивме да ја извозиме со велосипеди. Првиот обид беше пред три недели, се вративме на 20-от км. Вчера се изнамачивме ама ја извозевме машки. Стартувавме од Велес, преку Ногаевци, Убого, Кишино, Каратманово и во вечерните часови пристигнавме во Велес. Беше планирана како бајк тура, но повеќе беше хајкинг реално. Всушност сакам и уживам во тури на кои не сум бил, кои ги возам и одам прв пат.

Филм ми е кога ќе откаже џпс, немаш мрежа на телефон, немаш интернет, немаш мапа од теренот, заглавен си во кал со издупени гуми без алатки и храна, а првото населено место ти е на 25-30 км.

Единствен кој го сретнавме беше Шаби од Кишино. Во групата од петмина, урбаните ликови направија галама и паника. Совет до двајцата (се знаат кои се) поминувајте повеќе време во природа. Вежбајте си Вие и крос фит и кик бокс, но на планината, на селото не заборавајте имајте време и за нив. После извозени 60 км во услови не својствени за урбаните дечки, живи здрави, се почестивме пиво и плескавичка. Фала Ви за вчерашното доживување. Благословени да сте“, напиша Томислав Кошиновски на Фејсбук ,еден од учесниците на оваа тура.

фото: Томислав Кошиновски/Промо/Медена земја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на патарините во Македонија ќе остане иста

Редакција

На 24. ноември СДСМ ќе избира нов Централен и Извршен одбор и раководство

Редакција

Шокантен извештај на 695 страници: Од 1950 до 2010 година во Илиноис 451 католички свештеници злоставувале најмалку 2.000 деца

Редакција