еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Млад струмичанец чувал 185 килограми марихуана во викендица во беровско

На 27.11.2018 година, во време од 19,40 часот до 21,30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето: М.П (63) од Струмица, а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од Струмица, врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд – Берово, извршен е претрес на дом и помошни простории – при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 кг, информира МВР.

По превземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана.

Лицето М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица. СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Филм“ во Куманово: Опожарил полициско возило, па пукал кон полицајците што го бркале

Редакција

Несекојдневен случај во Куманово: Синовите го истепале и го ограбиле татка си

Редакција

МВР фати бегалец од Идризово

Редакција