еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Несовесноста на граѓаните нема крај: Контејнерите во Скопје не престануваат да горат

Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот.

Само на 9.05.2019 година, се опожарени пет контејнери на три микролокации во општината Карпош – две на булеварот Партизански одреди и една на ул. Московска.

Во текот на вчерашната ноќ гореа два контејнера кај хотелот Карпош во општината Карпош, како и еден на главната улица во општината Ѓорче Петров. Најголемиот дел од опожарените контејнери се целосно уништени и утринава беа заменети со комплетно нови садови.

„Покрај финансиската штета што му е нанесена на Претпријатието, опожарувањето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Апелираме до Инспекторатот на Градот Скопје и инспекциските служби при општините да преземат засилени мерки за надзор и санкционирање на сторителите на овие инциденти, со цел да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куче кое нападна деца во скопски Аеродром, вдомено во затворот Шутка

Редакција

(Фото) Мотор и автомобил се судриja на Партизанска, има повредени

Редакција

Кангал нападна човек кој се шетал со миленичето во Тетово

Редакција