Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје.
При првиот налет на невремето паднаа и дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Едно од дрвјата во населба „Мичурин“ во Аеродром, падна врз автомобили и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење, појаснуваат од ЦУК.
Фото: ЦУК/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.