Рано утрово македонскиот потполковник заразен со Ковид-19, пристигна од Централноафриканската Република во Скопје, информираше на нејзиниот Фејсбук профил, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.
Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација“, напиша таа.
Фото: Фејсбук/Шекеринска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.