еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Потресни снимки од земјотресот во Албанија, неофицијално има и жртви

Неофицијално во земјотресите во Албанија, кои се случија изутринава има и загинати.

Дел од медиумите неофицијално пренесуваат дека станува збор за најмалку три жртви, а дел за најмалку две жртви, а причинета е и голема материјална штета.

Во земјотресите се повредени и најмалку 150 лица.

Рано изутрина во Албанија беа регистрирани два земјотреса со магнитуди од 6,4 и 5,3 степени според Рихтеровата скала, во 03:54 и во 04:03 часот.

Тие беа силно почувствувани и во Македонија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Србија, Италија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција.

Според Европскиот медитетарнски сезимолошки центар, епицентарот на земјотресите бил во близина на албанскиот град Драч на длабочина од 10 километри.

Во 7 часот и 10 минути уште еден земјотрес беше силно почуствуван и во Македонија.

Видео: Exit Media Albania/Portal Radio Televizija Budva

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотреси во Албанија го стресоа Балканот, силно почуствувани и во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед низ Македонија: Во Гевгелија и Кавадарци вакцинирано половина од населението

Редакција

Нови 432 случаи на Ковид-19 од 2.663 тестирања, бројката на активни е 8.334

Редакција

(ВИДЕО) Сузбиена меѓународна криминална група за трговија со дрога, приведени 10 лица, запленета дрога вредна над 200.000 евра

Редакција