еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Од скулптурата која е симбол на крадењето велосипеди, украдени седиштето и воланот

Од велосипедот-скулптура кој беше поставен како симбил за крадењето велосипеди и да ја подигне видливоста, украдени се седиштето и воланот.

Укажувајќи на „жртвите“ и самиот постана „жртва“ односно дел од проблемот кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство, но за жал многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја прилика.

Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1.000-ти велосипед.

Скулптурата велосипед е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.

Урбаната акција „Гигантски велосипед“ е дел од активноста Креативни заедници спроведувана од тимот на Центарот за современти уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не сакал претрес: Тетовчанец физички нападнал двајца полицајци

Редакција

Нов напад на Раде Трајковски – Штекли, му експлодирала бомба пред куќа

Редакција

Исчезнат маж од каменичка Дулица пронајден мртов

Редакција