Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи го посети во болница својот сопартиец, поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери.
„Еднаш борец, секогаш борец“, напиша тој под фотографијата од средбата која ја објави на Фејсбук.
Вчера од Кабинетот на Џафери информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека тој се одморал по препорака на лекарите.
“Здравствената состојба на претседателот на Собранието, Талат Џафери е стабилна. Со оглед на интензивните активности што ги имаше во текот на изборната кампања по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување“, посочија од неговиот Кабинетот, наведувајќи дека неколку пати бил тестиран и е негативен на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Џафери/Османи
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.