еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Пејачката Лара Иванова нов бренд амбасадор на новата онлајн кампања на Минисо

Како популарен продажен бренд за лајфстајл подароци, препознатлив во повеќе земји низ Европа и Азија, Минисо за својата богата палета на производи испирација пронаоѓа во јапонската мода и стил.

Со достапни 11 кaтегории со над 8.000 производи, можат да се најдат продукти од производи за нега до играчки и електронски апарати.

Од овој месец ново заштитно лице на новата онлајн кампања на Минисо Македонија е младата, талентирана и успешна пејачка на македонската сцена, – Лара Иванова.

Таа влегува во нова улога како бренд амбасадор, што за неа е уште едно достигнување на почеток на нејзината музичка кариера.

Минисо Македонија за своите купувачи, кои се и љубители на онлајн купување и за тие што немаат време да одат до продавница, одлучи да им го олесни купувањето со тоа што со оваа соработка, официјално го најавува и својот веб шоп (онлајн продавница).

Веб шопот со работа ќе започне во текот на претстојните денови.

Минисо, во соработка со Marvel, Mickey & Friends, We Bare Bears, Coca Cola, Walt Disney и уште многу други, имаат свои уникатни производи, како играчки, училишни материјали, чаши, термоси, торби и перници.

Сите овие продукти можат да се најдат и во продавницата во ГТЦ, а секако набрзо ќе бидат достапни и на онлајн продавницата.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување

Редакција

Убава вест: По 13 месеци борба и 4 операции на отворено срце, детенце се подготвува да се спои со родителите

Редакција

Од денеска започнува пријавувањето за јубилејното 20. издание на Виз Ер Скопски маратон

Редакција