еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровски со првата дама го пречека полскиот колега Дуда

Во Вила Водно во тек се средбите на претседателите на Северна Македонија и на Полска, Стево Пендаровски и Анджеј Дуда и придружните делегации.

Полскиот претседател кој престојува во официјална псоета на земјава, беше пречекан од Пендаровски со највисоки државни и воени почести.

– Добредојде за полскиот претседател Анджеј Дуда. Церемонија со највисоки државни и воени почести по повод неговата официјална посета на Северна Македонија.

Со заеднички напори и посветеност изградивме одлични македонско-полски односи и плодна соработка во изминатите години, врз основа на меѓусебна почит и традиционално пријателство, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук по пречекот на неговиот полски колега.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-полскиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел Мериот, а ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на Владата, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Софија каже „не“ за ЕУ и по изборите, полскиот претседател лично ќе се заложи да се реши прашањето

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието за патни расходи потрошило 735.000 евра во 2019 година

Редакција

Бруто плата од 221.000 евра за шест члена на Управниот одбор на „Фершпед“

Редакција

Одделението за уво, нос и грло од кумановската болница стана нов Ковид 3 центар

Редакција