еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Хуманиот гест на Пендаровски кој ја однесе Ембла на училиште го обиколи светот

Пораката што претседателот Стево Пендаровски сакаше да ја испрати со тоа што ја однесе Ембла Адеми на училиште, е препознаена и пренесена и од странските медиуми како Си-ен-ен и Дејли меил.

Претседателот Пендаровски го посети семејството на 11-годишната Ембла и основното училиште „Единство“ каде што таа следи настава во четврто одделение, бидејќи ова девојче со Даунов синдром второто полугодие го почна со задоцнување поради бојкот на родители на нејзини соученици.

Не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, наведе шефот на државата за лицата со овој синдром, туку тие треба и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во училишните клупи и училишниот двор.

-Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучниот елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата. Таа ќе им помогне на децата како Ембла, но ќе ни помогне и нам, да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни.

Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип, изјави Пендаровски.

Пендаровски се осврна на инклузивноста како стремеж кој не треба да остане само декларативен, туку преку пракса да се користат потенцијалите на лицата со атипичен развој. Предрасудите во тој контекст, додаде тој, се главната пречка за изградба на еднакво и праведно општество за сите.

Претседателот посочи дека ресорните министерства и надлежните институции имаат законска, но и морална обврска да овозможат инклузивно образование, во кое главниот фокус ќе биде развивање вештини и способности кај децата со различен развоен процес, нагласувајќи ја потребата од сензибилизирање на јавноста по овие прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски ја однесе малата Ембла на училиште: Во ова општество сите сме еднакви

(ВИДЕО) Македонија на нозе: Девојче со Даунов синдром не може да следи настава со другите деца оти родители од Гостивар не дозволуваат

Хелсиншки комитет: Пропустите на гостиварското училиште да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла

Министерот Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците, да се подигне свеста за децата со попреченост

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов Зеланд прогласи крај на епидемијата на корона вирусот, ја укинува физичката дистанца

Редакција

Филипче: Во четврток одлука за евентуално враќање на рестриктивните мерки

Редакција

Нови вработувања во ФЗОМ, плата до 31.341 денари

Редакција