еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Пожар ја опустоши прилепската фабрика Тила, сопственичките не се откажуваат

Се изгоре во текстилната фабрика Тила во Прилеп, а причините за пожарот кој се случи пред два дена се непознати.

-Причините за пожарот за жал се уште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на утврдување на истите, како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени, велат од фабриката на Фејсбук.

Брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра во Прилеп започнаа со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани 20ти години.

-Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа.

Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многугодишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци.

Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок, велат сопствениците.

Фото: Фејсбук/Тила

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состојбата е комплексна и зависи од одлуките што ќе ги донесе Русија, велат од РКЕ за можноста Македонија да остане без гас

Редакција

Осумдесет и седумгодишен скопјанец го убил својот 59-годишен син

Редакција

ЕСМ следната недела ќе го преземе управувањето со БЕГ и топлификација Скопје Север

Редакција