„Виз Ер Скопски маратон“ ја покажа својата грандиозност. Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави го прославија 15. јубилеј излегувајќи на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон “ЕУ за спорт“ и трката на 5 километри.
Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје, беше целосно подготвен и ги исполни потребите и барањата на рекордниот број на пријавени.
Маратонската трка од 42км беше исцрпувачка и истата секогаш претставува вистински тест за човечкиот карактер.
Првото место на маратонот во машка конкуренција го освои Чалачју Асмама Тируне со 02:15:37, второто Вилфред Кипчирчир Корир со 02:16:54 и третото во машка категорија му припадна на Гетаје Фисеха Гела со време од 02:19:32.
Први три во женска конкуренција беа Јунис Њавира Мучири со 02:33:38, Јулитер Јепчирчир Тануи со 02:35:32 и Наоми Какоко Лимамуреи со 02:38:32.
Кај домашните натпреварувачи на маратонот од машките првите три беа Александар Кираџиев со 02:37:41, Марјан Бонев со 02:43:38 и Кокан Ајановски со време од 02:49:54, а од женските Адријана Поп Арсова со 02:52:52, Билјана Кираџиева со 02:58:15 и Катерина Шиповиќ со 03:20:30.
Одличен резултат е тоа што тие успеаја да ја поминат границата од 3 часа што е одличен показател дека со помош на Виз Ер Скопски маратон атлетиката и спортот се надградува и расте во нагорна линија.
Воедно, урнат е рекордот кај женските македонски натпреварувачки со 02:52:52.
Илјадниците тркачи се натпреваруваа да ги надминат сопствените граници. Победник на полумаратонот беше Дарио Ивановски со 01:12:31, Кристијан Стошиќ заврши втор со 01:12:56 и трет беше Милош Ранчиќ со 01:13:19. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Зита Кацсер со 01:22:53, Милјана Ристиќ со 01:27:09 и Емилиа Тодоровска Елиас со 01:27:25.
Во полумаратонската трка од домашните натпреварувачи во машка категорија прв заврши Дарио Ивановски со 01:12:31, втор заврши Милош Ранчиќ со 01:13:19 и трет бешe Атанас Анчевски со 01:13:59.
Од женската категорија од домашни натпреварувачи прва беше Милјана Ристиќ со 01:27:09, втора заврши Благица Јованова со 01:31:15 и трета беше Виолета Ивановиќ со 01:35:00.
Трката на 5 километри беше најмасовна и за неа се пријавија околу 9.500 учесници, од кои најмногу беа жени. Оваа година, за прв пат на трката од 5 км беа пријавени повеќе жени од мажи. Во оваа голема конкуренција први од машките беа Леонид Вандевски, Павле Јовановски, Пепи Анакијев, а од женските Марија Стојановска, Ања Еклер, Ирма Хајдари.
Секој учесник и заинтересиран може да ги провери резултатите на следниот линк: skopskimaraton.com.mk како и да ја симне мобилната апликација на play.google.com.
Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ