еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата жена-донор

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор.

Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка, која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт.

Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент, кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Нова трансплатација: Срцето на 44-годишна донаторка почна да чука кај пациент кој боледува од тешка кардиоваскуларна болест

„Благодарност до тимовите за експлантација и трансплантација од Клиниката за Урологија предводени од д-р Сашо Дохчев и д-р Сотир Ставридис, кои изминативе 20 часа ги работеа интервенциите во операционите сали.

Благодарност до медицинскиот персонал од Клиниката за нефрологија и Клиниката за трансфузиологија кои ги подготвија младите пациенти кои ги примија органите.

Во исчекување сме на следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат преку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и Националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска.

„Голема благодарност до болничките координатори од КАРИЛ и Неврохирургија кои ги водат пациентите во мозочна смрт и разговараат со смејството за можноста за донирање на органите, во тие најчувствителни моменти.

Благодарност и до тимовите во Рентген институот, до Институтот за трансфузиологија, до Клиниката за нефрологија и Клиниката за кардологија, како и тимовите за трансплантација од хируршките клиники и тоа Клиниката за кардиохирургија, Урологија и Ортопедија, како и до приватната болница Жан Митрев.

Во период од само 24 часа од поставување на дијагнозата за мозочна смрт, сите овие тимови направија експлантација и трансплантација на повеќе органи и покажаа како беспрекорно функционира здравствениот ситем.

Најголема благодарност за семејството за 44 годишната жена, која спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблисото семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти,“ се додава во соопштението.

Во изминатата една година во земајва се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрази.

Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжително вакцинирање за сите полицајци во Србија

Редакција

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

Редакција

„Не се шетајте у околина на Жена парк може потпреседател на Собрание да ве стаат“: Твитер реакции

Редакција