еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Пронајдени црни шорцеви на плажата Катерини, постои сомнеж дека се на Мартин

Црни шорцеви заплеткани во алги на плажа во Катерини, фрли ново светло во потрагата по исчезнатиот Мартин Јовановски на Халикидики.

Имено, граѓанин до Грчката спасувачка служба ОФКАТХ испратил фотографија од шорцеви во заплеткани алги, на плажата во Катерини. Тој шорцевите не ги задржал, па потрагата по нив била бесупешна, бидејќи ги однеле брановите.

„Човекот ми ја испрати фотографијата со костим за капење меѓу алги, но за жал не ги задржал. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно“, изјави Христор Рамос, шеф на спасувачката служба ОФКАТХ.

Мајката на 31-годишниот Мартин изјавила дека, шорцевите личеле на тие што тој ги носел на капење.

Потрагата по Мартин се уште трае од страна на доброволци и волонтери.

Фото: ОФТКАХ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во пожар изгоре поголем дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

Редакција

Заев не ги прифати понудените оставки од Филипче и Хасани

Редакција

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на М-НАВ, Хамиди и Крстевски

Редакција