еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Пронајдено оружје во импровизирана работилница во Куманово, приведено едно лице

Едно лице е приведено денеска во Куманово, откако полицијата при извршен претрес во неговиот дом и други простории пронашла оружје и муниција.

Од МВР денеска соопштија дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со ОНТДО при СВР Куманово, по претходно издадена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на А. Ќ. (59).

– Во импровизирана работилница и во домот се пронајдени пиштол, два гасни пиштоли, три воздушни пушки, ловна пушка карабин кал. 8х57мм, ловна пушка кал. 16 мм, 180 патрони, 88 куршуми, карабин, цевка од воздушна пушка, кутија со делови од пушки и пиштоли, се наведува во соопштението.

МВР наведува дека А.Ќ. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негувателка во градинка во Велес на децата им давала да пушат електронска цигара, Обвинителството отвори предистрага

Редакција

Без бадникова литија за престојните божикни празници во Охрид

Редакција

Бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и притисок во Градски парк

Редакција