еМагазин
Image default
Локално

Без бадникова литија за престојните божикни празници во Охрид

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Поради епидемијата на коронаворусот во Охрид како и во останатите градови нема да се одржат традиционалните детски бадникови литии на кои децата го навестуваа големиот празник на Христовото раѓање.

Наместо поворките, од Здружението за православни вредности „Бадникови поворки“ повикуваат утре точно на пладне верниците да се помолат за подобра година за сите.

Православните верници со голема почит ги одбележуваат овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос.

Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот таа вечер не се оди на гости, а се приготвува богата, посна трпеза.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец претепал сограѓанин, кој починал од здобиените повреди

Редакција

18-годишник со украдено возило прегази малолетничка, која почина

Редакција

Детали за убиството во казиното: Пукал, па во глава го удирал со кундакот од пиштолот, се трага по сторителот

Редакција