еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Првиот контингент македонски мировници во КФОР заминаа во Косово

Првиот македонски контингент со 44 припадници на Армијата денеска од касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, заминаа кон Косово, каде во следните шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад, информира Министерството за одбрана.

Со учеството во мисијата КФОР на Косово, додаваат, Северна Македонија го зазема местото во НАТО како земја која значи мир, безбедност и стабилност на Балканот.

Според најавите од Министерството за одбрана, учеството на припадниците на Армијата во мисијата КФОР на Косово ќе продолжи да расте во текот на 2021 година.

-Веќе во следната ротација, планот е бројот на припадници во КФОР да се зголеми на над 60, а од идното лето заедно со нашиот долгогодишен партнер Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци ќе се зголеми со над 100-тина припадници на Армијата.

Вкупно од идното лето во мисијата КФОР ќе учествуваат околу 180 војници, подофицери и офицери на Армијата на Северна Македонија, велат од Министерството за одбрана.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според грчкото МНР, Договорот од Преспа не признава македонски народ или македонска нација

Редакција

Директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми со претставка до Вилма Русковска за претресот

Редакција

220 се реинфекции, едно лице заразено по третпат: Нови 1.543 случаи на Ковид-19

Редакција