еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

СПЦ се обидува да живее во духот на мирот со сите православни цркви, иако тука има несогласувања и кавги, но тоа се минливи работи, изјави денеска српскиот патријарх Порфириј во врска со одлуката на Соборот на СПЦ за прогласување на канонско единство со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

– Ние како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде господ, пред се со молитви, па и со жртвата која ја поднесе архиепископот Јован (Вранишковски) и другите во Охридската архиепископија и со молитвите и на оние кои се членови на Македонската православна црква, да дојдеме до она што е желба и на едните и на другите и да воспоставиме единство.

Да се вратат браќата од Македонија во единство со нас, па и со сите други православни цркви, изјави патријархот Порфириј по средбата на епископи на СПЦ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Порфириј изјави дека овие настани ги доживува како чудо и како интервенција од Бога.

– За тоа сме му благодарни на Бога. Црквата секогаш ќе биде отворена за секаква соработка на се што е добро и е благодет за сите, додаде српскиот патријарх.

Тој во име на Соборот на СПЦ му се заблагодари на претседателот Вучиќ за „краткиот, но прецизен опис на ситуацијата и глобалната состојба, а во рамките на тоа и состојбата во Србија“.

– Сите чувствуваме дека времињата се комплицирани и повеќе од тешки, секој ден лежиме и се будиме со прашањето кога ќе дојде крајот на конфликтот во Украина.

Знаејќи дека ова не е само конфликт меѓу две земји кои би требало да имаат можност за заеднички живот, но ова е подлабок конфликт. Од наша гледна точка, тоа не е само геополитички, туку и судир на вредносни системи, конфликт на цивилизации, што не става во позиција дека мора да имаме став, изјави Порфириј, додавајќи дека ставот на Црквата е „на молитва на Господ за мир за секогаш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево е веќе резервирано за празниците

Редакција

Вучиќ: Српските функционери да бидат внимателни во изјавите кон Македонија, Ковачевски му реагираше на Курти за Тетово

Редакција

Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“

Редакција