еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Крушево е веќе резервирано за празниците

Речиси сите капацитети во праватното и хотелското сместување во Крушево се резервирани за новогодишните и божиќните празници. Резервациите за празниците се направени пред скоро два месеца, а над 90 отсто од преку 1.000 места за сместување во Крушево се резервирани од домашни туристи и посетители.

Леонора Ташкоска Крстеска и Мишко Христоски од приватните сместувачки капацитети во Крушево потврдуваат дека интересот е голем за празниците да се биде во историско и туристичко Крушево.

„Годинава се соочуваме со зголемена заинтересираност, главно од домашните туристи. Капацитетите ни се исполнети веќе од октомври. Капацитетите речиси 90 насто се исполнети. Имаме уште некои слободни места за јануари и сме многу задоволни оваа година.

Се надеваме дека вака ќе биде и во наредниот период. Крушево има многу богата понуда. Сметам дека првично за туристите да му се навратат на Крушево е дека е град со душа, гостопримство и со многу културни и историски знаменитости. Имаме редовни туристи кои секоја година нѐ посетуваат,“ вели Ташкоска Крстеска.

Крушевскиот градоначалник, Томе Христоски вели дека и оваа година Крушево може да се пофали со огромен број посетители.

„Резервациите се веќе направени, полно е во сите сместувачки капацитети. Има повеќе причини зошто е барано Крушево. Има чист воздух, природа, знаменитости, историја. Имаме добар ски-центар со нови алтернативни содржини. Крушево е место за сите да поминат добар зимски и празничен одмор,“ рече Христоски.

Тој нагласи дека ќе има и организиран пречек и предновогодишна програма во центарот на градот.

„Крушево изобилува со своите природни убавини и им ги нуди на сите посетители и туристи. Иако снегот уште не пристигнал, но сѐ е подготвено за новогодишните и божикните празници. Главно се гости од државава, но, ги очекуваме и од странство.

Речиси се исполнети сместувачките капацитети, се бара место повеќе, и во приватниот сектор, и во хотелите. Исполнетоста на сместувачките капацитети е над 90 проценти, вели тој дополнувајќи дека угостителите нудат одлични содржини за безгрижни празнувања,“ додаде тој.

Градоначалникот информираше дека општината организира предновогодишна прослава во пресрет на Новата Година.

„Предновогодишната програма започнува уште од 30 декември со локален и бенд од државава, а се опфатени и децата, средношколците. Ќе има и базар во центарот на градот, снешко-град за младите и забава за сите,“ рече Христоски.

МИА/Фото: Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале шест лица, вкупно до сега 7.969

Редакција

Се подготвуваат кривични за креаторот и администраторот: Затворена “Јавна соба“

Редакција

Почина градоначалник на Дебар, Ружди Љата

Редакција