еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Пуштен во употреба нов велодром во Градски парк

Веќе пет години по ред Стопанска банка АД – Скопје во партнерство со Град Скопје инвестира во развојот на вело-културата преку кампањите #ВозиПравоВозиЗдраво, но и преку донациите на внимателно, избрана урбана опрема за градот, информираат од Банката.

Овојпат, по неколку месеци интензивна работа, завршен е и пуштен во употреба велодром pumptrack во Градскиот парк, веднаш до паркингот кај Сточарскиот институт.

„Оваа локација сега добива нов модерен изглед, исполнета со забавни и рекреативни содржини.

Градот Скопје на сето ова се надоврза со осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода, а целосно беше реконструиран и големиот паркинг кој го користат посетителите на Градскиот парк„, велат од Банката.

При посетата на локацијата, претседателот и членовите на Управниот одбор од Стопанска банка АД – Скопје и градоначалникот на Град Скопје, се промовираше и пушти во употреба TOPSI Pumptrack, кој ќе придонесе младите генерации се повеќе да го користат својот велосипед и за забава, но и како превозно средство.

Претседателот на Управниот одбор, Диомидис Николетопулос при посетата изрази задоволство што брендот Стопанска банка АД – Скопје се повеќе станува синоним за соработка со заедницата, инвестирањето во подобра животна средина и граѓанска активност. Благодарение на заложбите на нашите вработени, како компанија живееме и делуваме проактивно и се менуваме заедно кон подобро.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исто така изрази задоволство од повеќегодишната соработка со Банката и нагласи дека Градот ја исполнува својата визија за подигнување на квалитетот на живот за граѓаните преку збогатување на содржините достапни посебно за помладите генерации, инвестирање во инфраструктурата, во животната средина и преку модернизирање на транспортот. Преку сите овие проекти, континуитетот и заложбата на тимот, Градот е целосно во функција на своите граѓани.

„Ги покануваме граѓаните на Скопје да го посетат велодромот, да уживаат и да помогнат во зачувување на патеката и содржините со што ќе се охрабрат и за идни донации во ваков вид на урбана вело опрема„, порачуваат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувачкото кино на МакеДокс ќе биде во струмичко

Редакција

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници во масовна акција за обнова на шумите во Источниот регион

Редакција

Бесплатен кредит од Forza за вработените во здравствените институции

Редакција