Влажнот бран, проследен со продор на студена воздушна маса го донесе и снегот во поголеми количини на планините.
Според синоптичарите, границата на која, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег може да биде и под 1.000 метри надморска височина.
„Заврна и првиот снег оваа сезона во нашиот и ваш Ски-центар „Стрежево-Нижеполе“. Аирлија да ни биди престојната скијачка сезона. Во моментов над десетина сантиметри снег, но врнежите продолжуваат,“ пишува на Фејсбук-страницата на ски-центарот.
Фото: Фејсбук/Ски-центар „Стрежево-Нижеполе“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.